Нормализиран сообраќајот на патот Градско-Прилеп

Од:

Сообраќајот на магистралниот пат Градско-Прилеп, во близина на кафеаната „Ловец, од 13:10 часот е нормализиран, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Претходно АМСМ објави дека поради случена сообраќајна незгода на магистралниот пат Прилеп-Градско од 12:40 часот сообраќајот се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.