А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Фестивал на фигури од овошје и зеленчук

by А1он29/10/2017 - 09:18376
Share0

Основни училишта, центри за едукација на деца со посебни образовни потреби и здруженија на граѓани ќе бидат дел од 7. Фестивал на фигури од овошје и зеленчук „Сочни фигури“ што ќе се одржи денеска напладне на Школка во Градскиот парк во Скопје.

Добивај вести на вибер

Фестивалот традиционално го организира Здружението за промоција и едукација на храна и заштита на биодиверзитетот Слоуфуд „Св. Наум Охридски“ од Скопје.

Учесниците ќе изработуваат фигури или композиција од фигури од овошје и зеленчук. Целта е преку забава и креативна ангажираност подобро да се запознаат и да ги надминат различностите – етнички, верски, интелектуални,…

Фестивалот, како што ифнормираат организаторите, стреми и кон едукација на децата за употреба на здрава храна, подигање на свеста за хигиенските навики при подготвување на храната, како и кон социјализација на децата со посебни потреби и нивно прифаќање во општеството.

Во рамки на „Сочни фигури“ предвиден е и забавен дел, а најдобрите три училишта ќе добијат награди.

Поводот за одржување на Фестивалот е одбележувањето Светскиот ден на храната, 16 Октомври.

Конвивиумот Слоуфуд „Св. Наум Охридски“ – Скопје е невладина организација и членка на мрежата на Слоу фуд во Македонија. Повеќето членови во конвивиумот се деца со посебни образовни потреби, нивни родители и професори од разни струки и училишта.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто