Сообраќајот на патот Сарај – Групчин од денеска се одвива со изменет времен режим поради градежните активности за реконструкција на таа делница, а за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) апелира возачите да ја почитуваат новопоставената сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини, информира АМСМ.
