Александар Станковски вечерва при неговото гостување во емисијата „Ѕид“ на Алфа ТВ изнесе теории на заговор дека Американците прскале со кем-трејлс и алуминиум за да го смируваат народот и да го направат апатичен.
– Имам чувство дека сме запрашувани. Никој не го потегна тоа прашање. Верувам дека тој алуминиум го прскаат и не трујат сите нас поради што стануваме апатични, рече Станковски во емисијата, во која што гостинка беше и поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска.
