Генералниот секретар на ГРОМ, Виктор Цветковски во име на партијата го изрази незадоволството од Јавното Обвинителство за непокренување на постапка против напаѓачите кои на денот на изворите, вечерта го нападнаа штабот на партијата.
– Иако ова се случи на денот на изборите и се смета за напад врз политичка партија, иако имаше околу стотина луѓе во штабот на ГРОМ, Обвинителството веќе три дена не покренува обвинение против лицата кои вечерта на денот на изборите извршија напад на членови на партијата, рече Цветковски.
Тој го повика Јавното обвинителство да реагира што е можно побрзо за разрешување на случајот.
Виктор Јованов