Лекари од центрите за јавно здравје од Источна Македонија и Здружението „Примариус“ учествуваат на стручен состанок „Дијагноза на атипични респираторни инфекции“, кој се одржува денеска во Кочани.
Од Центарот за јавно здравје – Кочани истакнаа дека темата е повеќе од потребна за лекарите и е од голема корист за нив и за пациентите посебно во време на преод од повисоки кон пониски температури.
– Не случајно го избравме овој период од годината кога респираторните инфекции стануваат актуелни и погодени се и возрасните и помалите, посочуваат од Центарот за јавно здравје – Кочани, изјави директорката на Центарот за јавно здравје-Кочани, Магдалена Манасиева.
Посочи дека на состанокот се актуелизирало прашањето за пневмониите, респираторните инфекции, современите дијагнози за навремено детектирање и третирање.
На состанокот станало збор за методите за современа дијагноза на атипични респираторни патогени инфекции, значењето на атипичните пневмонии и нивната микробиолошка дијагноза, кои се карактеристични за овој период од годината, како и значењето на нивното навремено дијагностицирање и третирање.
