Институтот за белодробни заболувања во Козле должи над 100.000 евра за неплатена електрична енергија и со тоа се вброи во многуте институции кои со години наназад се должници поради неплатени режиски трошоци.
А1он дојде до фактура од ЕВН Македонија испратена до Институтот во Козле во која стои дека оваа здравствена установа има заостанат долг од 7 милиони денари за неплатена потрошена електрична енергија во изминатиот период. Од овие 7 милиони денари, 6.6 милиони се од подолг период наназад за кои Институтот има рок од 3 дена да ги исплати, и нови 410 илјади денари кои треба да бидат исплатени до 20-ти овој месец.
По ова се поставува прашањето, каде исчезнале парите кои се уредно исплатени од страна на Фондот за плаќање електрична енергија и останати режиски трошоци?
Доскорешниот директор на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле Д-р. Оливер Зафировски во својот 11 годишен мандат се соочуваше со голем број жалби од граѓаните во поглед на услугите кои ги нудеше Институтот. Зафировски беше сменет од позицијата минатиот месец, а за нов директор на Институтот за белодробни заболувања Козле е именуван педијатарот Д-р. Ангелчо Андоновски.
Виктор Јованов
