Груевски: Марко го засени пресот на Заев каде не слушнавме ниту еден проект

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на својата Фејсбук страна објави фотографија со момчето на кое му се слоши додека стоеше на прес конференцијата на Никола Груевски.

– Марко беше во право дека успеал да го засени пресот на Заев пласиран кај некои провладини медиуми за 100 дена влада каде што не слушнавме ниту еден проект.

На прес конференцијата не приметив, но потоа лично се уверив, вистинскиот борец, младиот Марко е во добра состојба и одлично расположение. Одиме напред заедно во нови победи, напиша Груевски.