Жерновски за неколку часа ги собра потписите за кандидатурата во Центар

Од:

За само неколку часа Андреј Жерновски ги собра неопходните потписи од жителите и влегува во трката за градоначалник на општина Центар. Рокот, независните кандидати да поднесат потписи за кандидатура истекува во понеделник на полноќ, а СДСМ се уште не се изјасни кој ќе биде кандидат за градоначалник на Центар.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред неколку дена изјави дека нивни кандидати ќе бидат личности кои имаат највисок рејтинг кај граѓаните без разлика на партиската припадност. Според податоците до кои дојде А1он, на внатрепартиската анкета, Андреј Жерновски има неколкукратно поголема предност пред останатите кандидати од СДСМ.

Андреј Жерновски најави доколку не го кандидира СДСМ, на изборите во Центар ќе настапи сам со поддршка на граѓаните и со независна листа.