Иванов: Очекуваме одговор од обвинителството за Живаљевиќ

Од:

Кабинетот на претседателот на Република Македонија соопшти дека го поздравува интересот на јавното обвинителство и смета дека е тоа вистински начин да се утврдат фактите и вистината затоа што деновиве во јавноста се присутни „лажни вести и лажни информации“.

„Со нетрпение очекуваме одговор од обвинителството за улогата на господинот Живаљевиќ во настаните во Собранието. Јавноста треба да знае кој го пратил, што преземал, со кого бил и дали имал одобрение од надлежен државен орган за влез во Собранието на критичниот ден. Кабинетот на претседателот уште еднаш ги повторува претходно искажаните ставови дека не е надлежен орган за известување и одобрување на влез во Собранието на Република Македонија и дополнува дека не е „дежурна служба за давање алиби”. Македонските граѓани имаат право да ја знаат вистината. Со овој став и претходно кажаното, за нас случајот е затворен и ќе го чекаме резултатот од јавното обвинителство“, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот.