Ракометарките на ЖРК Вардар ќе имаат можност да го бранат трофејот на турнирот „Вардар 2017“ откако со победата постигната попладнево против Будуќност го освоија првото место во групата А и ќе играат во саботното финале. „Вардарки“ го совладаа Будуќност убедливи 26:15 (15:8).
Најефикасни кај Вардар беа Андреа Лекиќ со 6 голови, додека по 5 постигнаа Јованка Радичевиќ и Андреа Пенезиќ. Одличен настап имаа и голманките Амадин Лејно имаше 11 одбрани, а Ина Суслина три одбранети седмерци.
На првиот натпревар од денешната програма на дуел од групата ББукурешт го победи Одензе со 27:23.
Утре се играат натпреварите од третиот ден: Одензе – Ростов и Кубан Краснодар – Будуќност.