Парична казна за македонскиот државјанин кој го навредувал Ердоган

Од:

Во Скопје заврши судскиот процес што беше подигнат од страна на амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, против лице со македонско и турско државјанство, Е.А., поради  упатени навреди на сметка на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, јави агенцијата Анадолија.

Основниот суд во Скопје го прогласил за виновен Е.А., кој преку својот профил на социјална мрежа користел изјави со кои го нарушил угледот на претседателот на Турција, Ердоган.

Во одлуката се наведува дека обвинетиот во ноември 2016 година, преку својот профил на социјална мрежа „објавил иронични изјави и упатил навреди кон лидерот на една странска земја“.

Лицето Е.А. е осудено на парична казна од 24.600 денари, кои доколку не ги плати, ќе биде мора да одлежи затворска казна.