Фудбалерите на Вардар испишаа нова страница во историјата на македонскиот клупски фудбал. Најтрофејниот македонски клуб со две победи во плејофот го елиминира турскиот великан Фенербахче и избори пласман во фазата по групи во Лига Европа.
Фаворитите не победуваа секогаш, особено не во фудбалот, кој поради тоа е „најважната споредна работа“. Фенер по ждрепката беше фаворит со Вардар, но македонскиот првак по скопските 2:0, го фрли турскиот великан на колена и во Истанбул и победи со 2:1.
Радоста на Фенербахче траеше само седум минути кога Џугари меѓу двајца противнички дефанзивци со малку среќа успеа да го совлада Камени.
По постигнатиот гол започна да паѓа играта на Фенербахе, а вардаровите играчи дополнитело ја зголемија самодовербата.
Барсегјан во финишот ја погоди гредата, а наградата за храбрата игра стигна во 91.минута кога играчот на натпреварот Барсегјан го проигра Глигоров кој рутински го матираше Камени. н.ц.