МНР набавува цвеќиња за пет илјади евра

Од:

Министерството за надворешни работи преку јавна набавка ќе купува внатрешни саксиски растенија и цвеќиња во вредност од 5000 евра, или 305,700 денари.

Во описот се бара набавка на режано цвеќе и зеленило, засадување на надворешни зимзелени растенија, набавка на внатрешни саксиски растенија и цвеќиња како и изнајмување на саксиски растенија и цвеќе.

Од МНР набавката ја образложуваат со годишните потреби на министерството.