Во врска со скандалот со разузнавачот Горан Живаљевиќ и неговото присуство во Собранието за време на протестите на 27 април, Вучиќ објаснил дека највисоките претставници на извршната власт му дозволиле на разузнавачот да биде таму .
,,Потоа се проширија приказни дека Живаљевиќ бил таму по налог на Русите, но тоа не е точно. Не верувам дека Русите толкаво внимание и посветиле на Македонија. Живаљевиќ отиде во Собранието со дозвола на македонската највисока извршна власт. Тоа беше искористено да се води кампања против Србија, а потоа ми пријадоа македонски претставници на состанокот на Брдо кај Крањ и побараа да се повлече Живаљевиќ од Скопје. Го повлековме и молчевме , но сепак продолжија да се изживуваат со целиот персонал во амбасадата како да сме нешто виновни” , рече Александар Вучиќ во Дневникот на РТС.