Стравот на СДС од Никола Груевски е се поголем од ден на ден.
СДС е во паника и грч со секое појавување на Никола Груевски и ВМРО –ДПМНЕ.
СДС со секој ден со секој час од нивното работење, ја покажуваат нивната некадарност и неспособност за водење на државата.
Народот ја препознава посветеноста на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,поради проектите кои ги реализираа во општините со кои управуваа. Поради отчетноста во работењето и многу бројните проекти кои ги сработија во општините, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде сигурен победник на претстојните локални избори.
Разликата помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев, разликата помеѓу градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и оние на СДС е повеќе од очигледна и токму поради таа разлика граѓаните ќе гласаат на 15-ти октомври за ВМРО-ДПМНЕ, за реални мерки и проекти, а не за празни ветувања и антидржавни политики, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.