(ФОТО) Автобус со туристи се преврте во провалија кај Велес, над дваесет повредени

Од:

Околу 19 часот, кај месноста наречена Кула, во близина на Велес, се преврте автобус со македонски туристи кои се враќале од Грција.  Патниците бараа помош на социјалните мрежи, а набрзо пристигна пожарна, брза помош но и полиција.

Спoред првичните инфoрмaции се рaбoти зa македонски aвтoбус, кoј изгубил кoнтрoлa нa вoзење. Несреќaтa се случилa нa 300 метри oд местoтo зимски пункт Кулa. Последните информации велат дека нема жртви.

Автобусот вечерва излетал надвор од коловозот на автопатот Скопје – Велес. Во тек е излекување на повредените патници. Според првичните информации повредени се 26 лица. Осум патници се транспортирани во болницата во Велес, а останатите во Скопје.

Според инфорамциите од болницата „Св. Наум Охридски“ примените патници се испитуваат по што ќе се знае дали ќе бидат задржани на лекување. Дел од нив се со скршеници. По сообраќајката автопатот беше затворен и создаде огромна колона од возила кои се враќаа од Грција.