Делегација на Мисијата на ОБСЕ во посета на Агенцијата за остварување на правата на заедниците

Од:

Делегација нa Мисијата на ОБСЕ во Скопје, составена од Гонзало де Чезаре, Сара Барбиери и Татијана Темелкоска, остварија работен состанок со новиот директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) Илхан Рахман и заменик директорот Џелал Хоџиќ.

Како што соопштија од Агенцијата, на работниот состанок постигнат е договор Агенцијата за остварување на правата на заедниците и ОБСЕ мисијата во Скопје веќе идната недела да формираат заедничка комисија која треба да изготви Меморандум за соработка и разбирање. Разговарано е за потребата од обновување на Партиципативниот форум на заедниците под 20%, како и потребата за соработка во други активности.

– Директорот Рахман и заменик директорот Хоџиќ на делегацијата на ОБСЕ мисијата во Скопје им ја претставија нивната визија за подигнување на видливоста на АОПЗ (Агенција за остварување на правата на заедниците). На работниот состанок е објаснета и потребата од редовното изготвувањето на анализи од областите на: образованието, култура, соодветна и правична застапеност, медиуми, употреба на јазиците на заедниците, како и значително подобрување на соработката со граѓанските организации кои работат на полето на унапредување на правата на заедниците, се наведува во соопштението.