Цистерна со нафта излетала од патот, неколку тони нафта се излеале на коловозот

Од:

Вчера околу 17 часот и 15 минути во месноста викана „Манасиови воденици“ на магистралниот пат Делчево – Македонска Каменица цистерна со штипски регистарски ознаки излетала од патот.

Цистерната била полна со нафта, а по излетувањето, повеќе тони нафта се излеале на коловозот.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица во Делчево.