Почна чистењето на атмосферските канали во Муртино

Од:

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ работна единица – Муртино денеска почна со чистење на атмосферските канали во ова населено место.

Раководител на единицата Тоди Стојанов информира дека машински ќе се чистат сите атмосферски канали од влезот во селото се до излезот, односно до сливот во Моноспитовскиот канал, во вкупна должина од 2.500 метри.

– Овие канали се чистат секоја година како превентивна мерка од поплави во есенскиот и зимскиот период од годината, информира „Комуналец“.