8-ми Септември: Пациентот беше доведен во тешка здравствена состојба

Од:

Од градската болница “8-ми Спетември“ реагираат на написите во одредени медиуми за смртта на затвореникот кој беше пренесен во тешка здравствена сотојба.

Во однос на обвинувањата на одредени медиуми повикуваме никој да не си поигрува со човечките животи и да не се прават пропагандистички активности преку нечија судбина. Со оглед дека како институција, секогаш ќе се залагаме за здравствената состојба на пациентите прво да ги известуваме потесните семејствата, во оваа прилика потенцираме дека пациентот К.В. (46 години) беше примен во изразито тешка здравствена состојба- неконтактибилен, со декубитални рани, и со претходна медицинска документација дека бил лекуван од тешка депресија со психотични елементи.

Од самото примање на пацинтот веднаш целиот персонал направи надчовечки напори да се помогне, но се беше залудно поради тоа што претходно се изгубило многу време и во оваа прилика жалиме за уште еден изгубен живот поради несоодветен третман, состојба која траела подолго време.

Пациентот уште при самиот прием веднаш беше третиран, меѓутоа треба да се нагласи дека долго време одбивал храна и поради непримање на истата и неадекватно третирање во подолг временски период, доведен е во тешка здравствена состојба, при што настанале ириверзибилни промени на одредени витални органи.

Во оваа прилика, ги замолуваме медиумите да не прават политичка пропаганда преку вакви случаи, а за сите одговори како институција стоиме на располагање во секое време, реагираат од болницата “8-ми Спетември“.