Запалена шума во близина на скопското село Кондово. Како што велат жителите пожарот бил во близина на обиколницата, а поради силниот ветар оганот со голема брзина се шири и кон селото.
Според мештаните ситуацијата е сериозна, миризбата на чад и пепелта од оганот можеле да се почуствуваат дури и до селото Сарај.
Од ЦУК информираа дека на терен биле излезени 4 цистерни, 25 пожарникари, 9 возила на ТППЕ и 50 лица од месното население. Направен е појас со возилата и не се зафатени куќи во пожарот во Кондово.
Виктор Јованов