Информација за формирање работни групи за подготовка на нацрт текст на нов закон за енергетика, усвои на денешната седница Владата.
Министерството за економија во координација со Кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања треба да формираат работна група која ќе ги координира активностите поврзани со подготовката на нацрт текст на нов закон за енергетика со претставници од кабинетите нa премиерот, вицепремиерот за економски прашања, Министерството за економија и Регулаторната комисија за енергетика, соопшти службата за информирање на Владата.
Одредбите кои ќе се подготвуваат се однесуваат на пазарот на електрична енергија, пазарот на природен гас, топлинска енергија, нафта и нафтени деривати и обновливите извори на енергија.