• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Коѕиас на 31. август во посета на Скопје

by А1он07/08/2017 - 11:1807/08/2017 - 11:18106
Share0

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас на 31 август ќе го посети Скопје, информираат некои грчки медиуми.

Добивај вести на вибер

Како што јави дописникот на МИА од Атина, посетата на Коѕиас на Скопје кон крајот на август беше најавена уште за време на престојот на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во Атина во јуни годинава.

Засега нема официјална потврда од грчкото МНР за датумот на кој Коѕиас ќе престојува во Скопје, но некои грчки медиуми, повикувајќи се на свои „високи извори“, тврдат дека прашањето за името ќе биде главна тема за која ќе разговараат министрите за надворешни работи на двете земји.

Во грчките дипломатски кругови, оваа посета на Коѕиас се смета за многу важна, особено што се реализира по средбата на грчкиот министер со медијаторот Метју Нимиц во Брисел.

„Прашањето за името ќе биде во фокусот на состанокот меѓу двајцата министри, со оглед на тоа што на нивната последна средба во Атина разговараа главно за Мерките за градењедоверба“, информираат некои портали во Грција додавајќи дека „новата македонска Влада е многу активна и се очекува од есен да почне нови контакти во Брисел со кои ќе докаже дека земјата ги исполнува Копенхашките критериуми за доборососедство и демократија“.

kotsias
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен