(ВИДЕО) Турчинките на протест во Анкара: „Не ми ја пипај облеката“

Од:

Неколку стотици Турчинки протестираа во Анкара, барајќи слобода во облекувањето, по серијата напади врз жените низ Турција. Веста ја протестот ја пренесоа сите светски агенции.

Демонстрантите, претежно жени, шетаа низ главните улици на Анкара носејќи го слоганот „Не ми ја пипај облеката “, повикувајќи ги мажите да не ги напаѓаат поради начинот на кој се облекуваат.

„Излеговме на улица за иднината на нашите деца. Од сега па натаму почесто ќе нè има на улиците“, изјави една од организаторите, Рукије Акер. Слични протести се одржаа минатата недела во Истанбул и Измир.