Париз: Полицијата се сомнева дека напаѓот во дрес на ПСЖ бил терорист

Од:

Француското обвинителство отвори истрага за инцидентот на Ајфеловата кула, како можен терористички чин, јавува АФП.

Маж во дрес на фудбалскиот клуб ПСЖ, вооружен со нож, се обиде касно синоќа да влезе во кулата, но бил спречен во обидот и уапсен.

Во тој момент кулата била осветлена со боите на клубот, а по инцидентот веднаш е евакуирана.  Извори од истрагата соопштија дека антитерористичката истрага е отворена поради изјавата која ја дал во полиција и неговата очигледна радикализација.