Маркез победник на трката во Брно

Од:
Возачот на Хонда Марк Маркез победи на денешната трка за Големата награда на Чешка што се возеше на патеката во Брно. Ова за него беше втора победа по ред или трета сезонава и со тоа ја зголеми предноста во генералниот пласман.

Временските услови, дожд, па потоа сонце и сува патека го реши редоследот на крајот од трката. Маркез иако имаше прва позиција поради лошиот избор на гуми ја загуби, а по четвртиот круг во водство се проби Валентино Роси. Маркез потоа ризикуваше и прв влезе да ги смени гумите и од тие за влажна подлога избра за сува подлога што се покажа како решавчки потег за победа, а Роси смени меѓу последните.
Маркез победи пред сонародниците Дани Педроса и Маверик Вињалас,а  Роси заврши на четвртото место.
Во генералниот пласман води Маркез со 154 бодови, пред Виљалас со 140, Андреа Довичиозо има 133, а Роси 132.