Осветена црквата Свети великомаченик Георгиј Победоносец во Туденце

Од:

Четворица владици на Македонската православна црква, митрополитите тетовско – гостиварски г. Јосиф, кумановско – осоговски г. Јосиф, европскиот г. Пимен и американско- канадскиот г. Методиј учествуваа на денешното осветување на манастирската црква Свети великомаченик Георгиј Победоносец во тетовското село Туденце. Потоа, заедно, со повеќе свештенослужители отслужија и света божествена и архиерејска литургија.

– Црвата во православието има небоземно значење и таа е средиште и основа на нашиот духовен живот поради што ние треба постојано да го почитуваме и посетуваме божјиот храм. За мене како надлежен архиереј на оваа епархија претставува осеобена чест и задоволство да ја осветиме оваа црква во годината кога се прославува 50 годишниот јубилеј од возобновувањето на древаната Охридска архиепископија во лицетои нас МПЦ изјави митрополитот тетовско – гостиварски г. Јосиф.

Црквата Свети Ѓорѓи Победоносец се наоѓа на 900 метри надморска височина над селото во месноста Бучало и потекнува од 6 век. Таа е најстарата троконхална црква во Македонија и е возобновена на патрониот празник Ѓурѓовден на мај 2012 година. Старите темели на црквата се откриени во февруари 2004 годинаод страна на сега покојниот  жител на Туденце Тихомир Крстевски откако на сон му се јавил светецот Ѓорѓи Победоносец кој му рекол „сите ме газите, а никому не текнува да ме открие. Да појдеш, да ме откопаш и да ме осветиш“, му рекол на сонот светецот  посочувајќи му точно на кое место се наоѓа храмот. Тихомир почнал да копа и на длабочина од половина метар ги пронашол ѕидовите на некогашниот храм во пределот на олтарот. Подоцна нему му се придружиле и други жители на Туденце и под надзор на Музејот на тетовскиот крај, по речиси еден месец работа локалитетот бил расчистен. Денеска осветената црква е изградена на старите темели врз основа на проект изработен од Благоја Стојковски виш конзерватор во Националниот конзерваторски центар. Има површина од 130 квадратни метри. Во финансирањето на нејзината изградба учествуваа повеќе граѓани од земјата и дијаспората.