Поради суперкупот на УЕФА, закажан за 8 август на фудбалскиот стадион „Арена Телеком“ во Градскиот парк во Скопје, од утре се воведува посебен сообраќаен и пешачки режим за сообраќајниците во непосредна близина на стадионот.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека од 8 часот па се до завршување на натпреварот, односно до 9 август на потегот од крстосниците на улиците „Аминта Трети“ (поранешна „Ленинова“) и „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе се пропуштаат исклучиво лица и возила кои имаат соодветна акредитација од организаторот на мечот- УЕФА.
Исто така, на денот на натпреварот, во зависност од интензитетот на сообраќајот, не е исклучена можноста од затворање за сообраќај и на булеварот „Илинден“ на потегот од објектот на Владата до крстосницата со улицата „Рузвелтова“.