(ВИДЕО) Георгиевски: И по цела година од поплавите, последиците се уште не се санирани

Од:

Денеска се навршува точно една година од катастрофалната поплава во која што загинаа 23 луѓе.
Поплавите  што ја зафатија општина Гази Баба нанесоа огромна материјална штета на
населените места Стајковци, Сингелиќ и Инџиково , како на домовите, така и на земјоделското
земјиште и патната инфракструктура. Институциите коишто тогаш беа раководени од кадри на ВМРО ДПМНЕ, целосно потфрлија, изјави Борче Георгиевски, претседател на ОО СДСМ – Гази Баба.

Според него, неспособноста на институциите и на градоначалниците на Скопје и Гази Баба создадоа
дополнителни проблеми со кои граѓаните се соочуваат и денес.

„Наместо да ги решават проблемите на граѓаните од овие населени места, градоначалниците од
ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски и Тони Трајковски се грижат единствено за тендерите и своите
бизнис интереси. И по цела година од поплавите, се уште постојат подрачја што не се целосно санирани. Таков е примерот и со оваа обиколница на која што се наоѓаме. Како што можете да забележите,
северната забиколоница чија што санација беше дадена на сомнителен тендер во четири очи на
фирмата „Трансмет“  за договорена сума од 4 милиони евра, се уште не е готова и не е ставена
во употреба. Дополнително, во селата Виниче, Страчинци , Сингелиќ и Инџиково, се уште  има преку 100
хектари земјоделска површина која граѓаните не може да ја обработуват поради нерасчистените
наноси и оштетувања од природната непогода“, рече Георгиевски.

Според него, очигледно е дека Трајановски и Трајковски ги заборавија жителите на  улиците 24, 25, 5, 7, 8, 9
и 10 во Стајковци, од улиците 10, 20, 28 и 34 во Сингелиќ како и граѓаните од улиците во
Инџиково кои до ден денес не се санирани иако беше ветувано дека истите ќе бидат
асфалтирани.

„Ваквиот селективен пристап на ВМРО-ДПМНЕ и нерешавањето на проблемите на граѓаните од
погодените подрачја е срамен и недозволив. Недозволиво е личните и партиските интереси да
бидат над интересите на граѓаните. Затоа по промените на парламентарните избори , во октомври потребни се промени и на локално ниво. Ѓраѓаните на Скопје и Општина Гази Баба ќе стават крај на владеењето на неодговорните градоначалници. Заврши времето на сомнителни зделки и тендери во милионски суми,
договорени во четири очи и многу анекс договори. Доаѓа време на нова одговорна локална
власт кој ќе работи чесно и посветено и ќе обезбеди квалитетен живот за сите граѓани без
разлика дали живеаат во урбаните или руралните населени места“, додаде Георгиевски.