Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска напладне го потпиша решението за распишување на локалните избори кои треба да се одржат на 15 октомври.
Џафери изјави дека решението ќе го достави до ДИК.
„Апелирам со сите учесници во изборниот процес да се однесуваат во согласност со Уставот и законите, а надлежните институции да се погрижат денот на изборите да протече во мирна, демократскаи фер атмосфера, како што заслужуваат граѓаните“, рече Џафери.
Според Џафери, кампањата почнува 20 дена пред изборите, а Собранието во тој период ќе работи, но нема да има пленарни седница. Целта е, додава претседателот на Собранието, седниците да не се претворат во изборна кампања.