Канаѓанка обвинува дека Ѓоковиќ е под допинг

Од:

Поранешната канадска тенисерка, сега колумнистка, Хелен Пелетие, го обвини Новак Ѓоковиќ дека прави пауза поради допингм кој го прикрива АТП. Српскиот тенисер пред десет дена ја заврши сезоната поради повреда на рамото, а Пелетие се сомнева во мединцинските причини за ваквата одлука на Ѓоковиќ.

„Некои пријатели и колеги кои се поврзани со тенисот и ги следат турнирите убедени се дека Ѓоковиќ бил допингуван и дека го штити АТП“, пишува таа.

Ѓоковиќ доминираше над конкуренцијата се до моментот кога го освои Ролан Гарос, кога започна неговиот пад, што е главен елемент на оваа „теорија на заговор“.

„Некои се прашуваат зошто одеднаш падна во играта и една година е под своите фанатстични физички можности кои ги демонстрираше од 2011 година? Што е со неговите лични проблеми? Дали повредата на раката е хроничен проблем кој го влече неколку години или тоа е само лага? Дали прави пауза за да може да ја оживее кариерата и за да може физички да закрепне“, се прашува Пелетие.

Канаѓанката истакнува дека шпекулациите доаѓаат од колеги кои „се почитувани во светот на тенисот“.