Реал и Јунајтед пристигнуваат утре

Од:

Скопје е подготвено за најголемиот спортски настан во историјата на Македонија, дуелот на УЕФА Суперкупот, помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Градските власи информираат дека во понеделник и вторник, на 7. и 8. август, на плоштадот „Македонија“, ќе функционира неутралната фан зона.

Фан зоната ќе биде отворена од 11 до 19 часот, а во неа ќе бидат изложени трите трофеи на УЕФА (Лига шампиони, Лига Европа, Суперкуп). Сите кои сакаат ќе имаат можност да се фотографираат со пехарите на УЕФА.

Трофеите ќе бидат изложени на 7.август од 11 до 19 часот, а на 8.август, кога се игра натпреварот, од 11. до 16 часот.

За навивачите на двата тима кои немаат билети на натпреварот ќе има посебни фан зони, каде ќе се следи натпреврот. Фан зоната на Манчестер Јунајтед ќе биде поставена кај споменикот на „Мајка Тереза“, а фан зоната на Реал Мадрид на плошадот „Филип Втори“.

Главните ѕвезди, фудбалерите на двата клуба, во Скопје ќе пристигнат во попладневните часови.

Прво е најавено доаѓањето на експедицијата на Манчестер Јунајтед, некаде во 12:55 часот. Актуелниот шампион на Лига Европа, ќе престојува во „ТЦЦ Плаза“, а тренингот на Националната арена„ Филип Втори“ „црвените ѓаволи“ ќе го одржат во 17:30 часот.

Еден час подоцна на аеродромот „Александар Велики“ ќе слета екпедицијата на Реал Мадрид. Европскиот првак ќе престојува во хотелот „Александар Палас“. Тренингот на Реал е закажан за 19:30 часот.

Натпреварот Реал Мадрид-Манчестер Јунајтед ќес е одигра во вторник со почеток во 20:45 часот.

Од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) апелираат до навивачите најрано 90 минути пред почетокот на натпреврот. Исто така апелот до оние кои со автомобил ќе се упата кон стадинот, иститот да го паркираат на поголема оддалеченост од „Филип Втори“.