Јапонија денеска одбележува 72-годишнина од нуклеарниот напад врз Хирошима.
Зборувајќи на церемонија во Мировниот меморијален парк Хирошима, премиерот на Јапонија Шинѕо Абе рече дека Јапонија се залага за свет без нуклеарно оружје на начин на кој сите држави може да постигнат согласност за тоа.
– За да имаме свет без нуклеарно оружје, потребно е учество како на држави кои имаат нуклеарно оружје така и на држави кои го немаат, рече Абе. Јапонија според него, „ќе ги охрабри и едните и другите“.
Во нуклеарниот напад врз Хирошима животот го загубија 140.000 луѓе додега во нападот врз Нагасаки загинаа 74.000.