(ВИДЕО) Голем пожар на грчкиот остров Китира, евакуирани две села

Од:

Две села се евакуирани по големиот пожар кој  зафати грчкиот остров Китира во петокот наутро. Пожарот бил изгаснат, но од синоќа тој е повторно активен како резултат на силниот ветар, јавуваат грчки медиуми.

Властите прогласија вонредна состојба на островот што се наоѓа југоисточно од Пелопонез и сверно од Крит. Медиумите во Атина јавуваат дека на островот се упатени и дополнително пожарникари од други региони во Грција.

Огнените јазици достигнаа до селото Фратса.

Друг огнен фронт  ги загрози населбите Пицианика, Калокеринес и Карвунадес. Претходно беа евакуирани Милопотамос и Ареи. Околу 64 пожарникари со 25 возила, 57 локалци,  цистерни  приватни и земјекопни машини се борат со огнената стихија.