ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите ја зедоа првата жртва, СДС мора да сноси одговорност

Од:

Неспособноста и неажурноста на СДС излегува на виделина. Граѓаните и државата се жртви на несериозниот однос на новата влада на Заев, на која поважно и е да ја партизира државата, отколку да помогне во гаснењето на пожарите кои полека голтаат цели планини со шума низ цела Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, неадекватниот однос на СДС со пожарите вчера ја однесе првата човечка жртва во скопското село Љуботен, каде е пронајдено изгорено човечко тело. Изгубен е живот кој со навремена реакција на институциите би бил спасен.

„Беше потребна човечка жртва за Владата на Заев да свика координативна седница за пожарите. СДС треба да почне да работи на решавање на проблемите на граѓаните, наместо на доцни вечерни седници да донесува закони кои на шверцерски начин сака да ги спроведе далеку од очите на јавноста. СДС мора да сноси одговорност за пожарите кои со ненавремено локализирање прераснаа во хаос, а цела Македонија е претворена во едно огромно жариште, што претставува опасност по граѓаните нивниот живот и здравје, но и животната средина. Неажурноста на СДС на време да ги локализира пожарите остави без кров над глава 5 фамилии во бродското село Могилец, а причинета е огромна материјална штета низ повеќе села во Поречието. Изгорени се огромни површини шума во најшумовитиот крај на државата, а владата на Заев со прст не мрднува’, се наведува во соопштението.

Според партијата, граѓаните од Бродско молат за помош и интервенција на државните институции, а Заев наместо да интервенира ситуацијата да се реши во најбрз можен рок вечера низ елитни ресторани во Скопје со странски државници, потпишувајќи штетни договори за македонската држава и нација. За откако веќе се изгорени цели планини со шума да свикува координативни седници.