Превидот на Министерството за здравство- Новата директорка кликала против Зоран Заев

Од:

Министерството за здравство се обиде да претстави како превид две смени на директори. Првично објави едни имиња, а после два дена увиделе дека е направен превид.

Конкретно, министерот првично за директор на Клиниката за уво нос и грло на листата кандидати го напиша Јане Нетковски, за после да ја стави за директор Габриела Копачева –Барсова, а тоа го образложи со превид.

Дали е превид или не, појасно станува што откако беше на листата директори името на Јане Нетковски, за еден ден се направи организирана хајка против него во медиумите блиски на ВМРО-ДПМНЕ во кои беше претставен како митаџија. Ако се погледне во сите фајлови снимани наназад во изминатата година, може да се забележи дека новата директорка кликала лајк на Фејсбук против лидерот на СДСМ, Зоран Заев кога ја претставуваше платформата и кога ВМРО-ДПМНЕ излезе на протест.

Притисок дополнителен стигна и од опозицијата преку прес конференција против Јане Нетковски да биде директор на Клиниката за уво, нос и грло, по што Министерството за здравство го тргна од листата и кажа дека наводно е направен превид.