Пеколниот бран „Луцифер“ зеде две жртви

Од:

Пеколните жестини кои зафатија делови од Европа го добија името „Луцифер“. Топлотниот бран досега зеде најмалку два животи во Романија и во Полска. Во делови од Италија, Франција и Шпанија и на Балканот жештината предизвика десетина шумски пожари, ги оштети посевите и ја зголеми потрошувачката на струја и на вода.

Властите во неколку подрачја издадоа ограничувања во сообраќајот и забранија да се работи на отворено поради температурите кои достигнаа околу 40 степени.Во Шпанија метеоролошката служба предупреди дека во 31 од 50 провинции температурата ќе достигне до 44 степени.

Во Словенија, според надлежните, на почетокот на оваа недела забележана е првата „тропска ноќ“ на висиона од 1.500 метри кога темепартурата надминала 20 степени во текот н а ноќта. Хрватските власти апелираа на илјадниците туристи да бидат внимателни додека патуваат и на плажите.

Десет земји од јужна и централна Европа прогласија црвена тревога откако во топлинскиот бран „Луцифер“ температурите се зголемија над 40 степени, а научниците предупредуваат дека екстремната топлина би можела да убива 152.000 луѓе годишно до 2100 година. Од истражувачкиот центар на Европската Комисија предупредија дека доколку не се преземе ништо со намалување на емисиите штетни гасови, смртните случаи би се зголемиле од 3.000 годишно во 2010, до 152,000 во годините помеѓу 2071 и 2100. Оттаму велат дека двајца од три луѓе во Европа ќе бидат погодени од катастрофи до 2100 година што е драстична разлика од 1 од 20 како што беше случајот на почетокот на 21-от век.