Меѓународен камп на кривопаланечкиот Црвен крст

Од:

Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка ја почна реализацијата на Меѓународниот тренинг камп за подготвеност и дејствување во случај на катастрофи.

Кампот се одржува во кривопаланечкото село Трново на локацијата „Трновски ветар“ кај старото селско училиште. Активностите ќе траат заклучно со 10 август, а на тренинг-кампот ќе учествуваат по петмина волонтери од четири општински организации: Црвен крст на Ќустендил, Бугарија, Црвен крст на Ниш, Србија, волонтери од Црвен крст Кочани и десет волонтери од Црвен крст Крива Паланка. Меѓународниот летен тренинг-камп се одржува шести пат, а целта е размена на искуства кои ќе придонесат за зајакнување на човечките ресурси за дејствување во катастрофи.