СДСМ: Договорот со Бугарија става крај на изолацијата на Македонија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своите политики на изолација, поделби, конфликти и измислување закани и непријатели, со што продолжува да работи спротивно на државните, национални и стратешки интереси на Република Македонија. Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија е во интерес со националните и државни интереси и во интерес на граѓаните на Македонија и Бугарија. Со потпишување на Договорот, се затвори едно отворено прашање, се направи крупен чекор кон евро-атлантските интеграции, се унапредува економијата и целосно се заокружува железничкото поврзување помеѓу двете земји, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на пратеникот од опозицијата Антонијо Милошоски.

Според СДСМ, со потпишувањето на Договорот, што е заеднички успех сите досегашни влади, заврши времето кога Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ заради сопствени криминални интереси ја држеа Македонија во изолација и доаѓа ново време на соработка, добрососедство и регионален напредок наместо регионални конфликти.