Нова реакција на ВМРО-ДПМНЕ за договорот со Бугарија

Од:

Ниту една реакција на неспобниот и неодговорен СДС не може да го прикрие фактот дека марионетската влада потпиша штетен договор со Република Бугарија, од кој Република Македонија ќе трпи последици во иднина и кој ќе предизвикува хаос и неизвесност за сите граѓани. СДС нема кредибилитет и нема право да зборува за државни и национални интереси на Република Македонија кога со секој свој чекор работи во спротивност на истите, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, по реакцијата на СДСМ во врска со прес конференцијата на Антонијо Милошоски.

Според опозициската партија, неспособните од СДС не може да скријат дека во јавноста има огорченост и чувство на пораз само заради постапките на марионетскиот премиер Заев, и затоа никој не им дојде на прославите на Илинден. Тоа е јасна порака од народот! СДС и дава алатка на соседна Бугарија да може да го попречува македонското напредување на евроатланскиот пат, во зависност од расположението на тамошните влади и политичкото убедување кое го имаат. СДС отвора можност нашата историја и историски факт да зависат од волјата на лица како што е Каракачанов. СДС овозможи македонските учебници по историја да бидат менувани секоја година во зависност од расположението на националистичките кругови во Софија предводени од Божидар Димитров. СДС срамно се откажа од македонското малцинство во Бугарија, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира до совеста на пратениците на СДС кои и мислат добро на сопствената држава, да не го гласаат овој договор, бидејќи истиот има сериозни недостатоци. СДС има уште една последна можност да ја поправи оваа своја грешка, што е сеириозен удар врз македонските национални интереси и позиции и во Собрание да не го изгласа договорот кој нивниот лидер од себе познати причини го потпиша, на штета на македонските државни и национални интереси, се вели во соопштението.