Женската ракометна репрезентација на Македонија го освои последното 16-то место на Европското првенство за ракометарки до 19 години што се одржува во Словенија.
Попладнево во натпреварот за 15-то место Македонија загуби од Србија 24:21 (12:10). Најефикасна во нашиот тим беше Ива Божиновска со 7 голови.
Нашата репрезентација шампионатот го заврши со седум порази без ниту еден триумф.
Во финалето утре ќе играат Франција и Русија, додека во дуелот за третото место ќе се борат Унгарија и Данска.