Вчера во 11.30 часот, 57-годишниот З.Ф. од село Брњарци Скопје, пријавил дека на 2 август во 3 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата 17- годиншна ќерка. Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.
Во Секторот за внатрешни работи Битола 70-годишниот Р.А.Х. од село Братин Дол-Битола вчера во 8.45 часот пријавил дека исто така на 2 август од семејната куќа во непознат правец се одалечил неговиот 19-годишен син А.А.Х.. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање.