Изгореа четири возила во Скопје

Од:

Утринава во Скопје во полиција биле пријавени четири опожарени возила. Конкретно, во 04:24 часот било пријавено дека на скопската улица Јани Лукровски, на паркинг простор, од засега непознати причини, опожарено било патничко возило „Ауди А3“ со кривопаланечки регистарски ознаски, во сопственот на 24-годишниот Т.Т. од селото Конопница и патничкото возило „Даеву Ланос“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 45 годишниот И.Н. од Скопје.

– Во 04:44 часот во Единицата за известување и команда -Скопје се јавил С.Н. и пријавил дека во Скопје, на улица Букурешка горело неговото патничко моторно возило „Ауди А6“ со скопски регистарски ознаки. Во 04:57 часот во Единицата за известување и команда повторно се јавил С.Н. и пријавил дека пред ресторан во скопската населба Карпош горело патничко моторно возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки сопственост на 33-годишниот Ј.Ј. од Скопје – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините кои довеле до опожарување.