Клуни ќе тужи списание кое објавило фотографии од бебињата

Од:

Еден од најпознатите холивудски актери Џорџ Клуни ќе го тужи француското списание “Воаси” кое објавило фотографии од близнаците, но без дозвола на семејството.

“Минатата недела фотографи од ова списание се префрлиле преку оградата, се качиле на дрво и ги снимале бебињата без наша дозвола. Бидете сигурни дека фотографите, фотографската агенција и списанието ќе бидат дадени на суд, бидејќи станува збор за безбедноста на нашите деца”, порача Клуни.

На насловната страница на најновиот број на списанието “Воаси” се појави фотографија на Клуни и неговата сопруга  Амал , како држат во раце едно од близначињата кои се родија на почетокот на јуни.