Зголемено нивото на Вардар кај Јегуновце

Од:

Водостојот на реката Вардар кај Јегуновце е двојно зголемен во однос на просекот за август , покажуваат хидролошките мерења.

Како што соопшти УХМР, минимално покачување на нивото има и на Вардар кај Скопје, како и на Пчиња кај Катлановска Бања.

Водостоите на останатите реки се под августовското ниво.