Собранието денеска во 11 часот треба да ја продолжи 11. седница на чиј дневен ред е ребалансот на буџетот.
Се очекува расправата за Буџетот да заврши до утре кога претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави дека ќе ги распише локалните избори за да се одржат на 15 октомври.
Седницата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски, пак, најверојатно ќе биде закажана в понеделник. Дотогаш се очекува да заврши расправата за ребалансот на буџетот, која, според Деловникот, треба да трае пет дена. Ако се земат предвид најавите дека на пратениците им претстои уште еден работен викенд, а парламентарното мнозинство инсистира пред одморите Зврлевски да биде сменет, сè поголема е веројатноста дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, идната недела ќе ја свика седницата на која разрешувањето на јавниот обвинител ќе биде на дневен ред.