На терените на ТК „Тенис парк“ денеска ќе се одиграат полуфиналните мечеви во поединечна конкуренција. За влез во финалето ќе се борат четири играчи кои се рангирани како носители. Првиот носител Давид Пихлер од Австрија ќе игра против третиот носител Нино Сердарушиќ од Хрватска, кој пак беше финалист на претходниот турнир во Скопје изминатиов викенд.
Во второто полуфинале ќе играат Цунг – Хуа Јанг од Тајпех, кој е носител број 4 и Унгарецот Виктор Филипенко, кој пак е носител број 7. Почетокот на двата меча е во 10 часот и ќе се играат на два терена со цел да се избегнат високите температури.
Во конкуренција на двојки турнирот заврши синоќа,а победа во финалето постигнаа вторите носители Дејн Пропоџиа од Австралија и Јанг, кои ги победија Николас Хортон од Австралија и Азиз Кијаметовиќ од Босна и Херцеговина.