Почнува „Вевкул 2017“

Од:

Со промоција на романот „Дневник на длабоките тајни“ од Верица Мукоска во црквата „Свети Никола“, денеска во Вевчани почнува вевчанско културно лето „Вевкул 2017“.

Манифестацијата ќе трае до средината на септември, а ќе понуди промоции на книги, ликовни изложби, концерти и креативни работилници.

Според програмата, во рамки на „Вевкул 2017“ ќе се одржи и првиот вевчански маратон.

Се подготвува и изложба на фотографии од  т.н. Вевчанскиот случај за водата од пред 30 години во кој дојде до инцидент меѓу Вевчани и соседното село Октиси, поради користењето на богатите вевчански извори.