Алаѓозовски формираше работна група за развој на културата

Од:

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски формираше работна група за изработка на нацрт – национална стратегија за развој на културата за периодот од 2018 до 2022 година. Координатор на работната група е Златко Теодосиевски, ликовен критичар и советник – куратор, а покрај него во групата членуваат и Искра Гешоска, културен работник од „Јадро“- Асоцијација на независната културна сцена, Валентина Поцеска, советник – конзерватор, Валмира Истрефи, урбани студии, Џевдет Јашари, актер и предавач на Факултетот за драмски уметности на Тетовскиот универзитет, Магдалена Диковска, кабинетски службеник за правни работи во Министерството за култура и Гоце Божурски, советник во Одделението за визуелни уметности, архитектура и дизајн во Министерството за култура.

Задача на работната група ќе биде да изработи концепт и нацрт на стратегијата, кои ќе бидат доставени до министерот за култура и ќе бидат предмет на јавна расправа со сите заинтересирани страни во претстојниот период, сè до донесување на стратегијата на крајот на 2017 година.